Продолжуваат меѓупартиските разговори

Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино денеска повторно ќе се состанат во обид да ги надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза. Теми на меѓупартиските разговори во оваа фаза се прочистувањето на Избирачкиот список и реформата во медиумите. Се очекува и на ова продолжение на разговорите да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Амбасадорот Бејли по вчерашната средба во резиденцијата на ЕУ во Пржино изјави дека е завршена добра работа, но оти се уште не е постигнат договор. Рече дека е оптимист и оти разговорите продолжуваат денеска. На оваа фаза од меѓупартиските разговори учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.