Времето денеска: сончево и многу топло

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 32 до 37 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне ќе има услови за краткотрајна и локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.