Нов бомбашки напад во Багдад

Најмалку девет луѓе загинаа, а десетина се повредени при експлозија на автомобил бомба на отворен пазар во шиитска област во Багдад. Автомобилот експлодирал во време кога на пазарот имало многу луѓе. Засега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот, но организацијата Исламска држава досега презела одговрност за многу бомбашки напади во последните месеци. ИД ја презеде одрговорноста и за двата смртоносни бомбашки напади минатата нeдела, при што загинаа речиси 300 луѓе. Вчера американскиот секретар за одбрана кој беше во посета на Багдад рече дека САД ќе испратат дополнителни 560 војници кои треба да им помогнат на ирачките сили да ја повратат контролата на Мосул.