Русија ја продаде најголемата фирма за дијаманти во светот

Руската влада ги продаде акциите во Алроса, најголемата фирма за производство на дијаманти во светот, за 818 милиони долари. Средствата ќе бидат искористени за намалување на се поголемиот деффицит во државниот буџет. Тоа беше најголема зделка во изминативе три години која откри дека постои голем интерес меѓу странските инвеститори. Тие купија над 60 насто од понудените акции и покрај западните санкции воведени против Москва поради анкесијата на Крим.