САД и предадоа на Србија двајца затвореници од Гвантанамо

САД и предадоа на Србија двајца затвореници од воениот затвор Гвантанамо, јеменскиот државјанин Мансур Ахмад Саад ал Даифи и граѓанинот на Таџикистан Мухамади Давлатов. Стејт департментот и се заблагодари на српската Влада за подготвеноста да ги поддржи напорите за затворање на затворот во Гвантанамо. Според податоците на Стејт департментот, бројот на затворениците во Гвантанамо е сведен на 76 лица. Специјалниот затвор во американската воена база Гвантанамо во Куба е формиран во 2001 година, кога започна борбата против Ал Каеда.