Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.