Придобивки од нормализација на односите Анкара - Москва

Со нормализирање на односите со Русија турската економија ќе добие околу 10 милијарди долари во следните две години, се наведува во извештајот за геополитички опасности, подготвен од Агенцијата за инвестиции „Ата Јатарам“.

„Влошените билатерални односи во сферата на трговијата и туризмот ќе се подобрат следните години, а денешните проблеми во турско-руските односи ќе бидат решени. Тоа ќе покаже позитивно влијание врз економијата на Турција и ќе донесат дополнително од 4,5 до пет милијарди долари годишно“, се посочува во извештајот.

Односите меѓшу Москва и Анкара се вложија по соборувањето на руски воен авион во ноември минатата година.