Лисабон им посака добредојде на фудбалерите

Десетици илјади луѓе се собраа во Лисабон за да го поздрават враќањето на националниот фудбалски тим во земјата, еден ден откако Португалија го освои Европското првенство со победата над Франција во финалето. Тренерот Фернандо Сантос и капитенот на тимот Кристијано Роналдо го држеа пехарот во раце при излегувањето од авионот. Фудбалерите прошетаат низ центарот на Лисабон во отворен автобус, а потоа отидоа на прием во претседателската палата.

Во меѓувреме УЕФА го објави составот на „идеалниот тим“. Новиот европски шампион Португалија, партиципира со четворица свои фудбалери во најдобриот тим на штотуку завршеното 15-то Европско првенство. Покрај четворицата Португалци, Франција која беше финалист во најдобриот тим на првенството партиципираат со двајца како и полуфиналистот Велс, додека од редовите на светскиот шампион Германија има тројца фудбалери.

Антоан Гризман од француската репрезентација е прогласен за најдобар стрелец на шампионатот со постигнати шест гола.