Андреа Ледсом се повлече од трката за наследник на Камерон

Пратеничката од редот на конзервативците Андреа Ледсом, една од двете кандидатки за следен премиер на Британија, излегува од трката. Таа вели дека заклучила оти ја нема потребната поддршка за да направи силна влада. Со ова одлука на Ледсом, единствен кандидат останува Тереса Меј, која сега е секретар за внатрешни работи. Таа треба да го замени Дејвид Камерон како лидер на Конзервативната партија и премиер на Велика Британија. Ледсом вели дека е убедена оти Меј идеално ќе го инплементира Брегзит по најдобрите услови. Таа вели дека на Велика Британија итно и треба силно лидерство за да започнете да работи на повлекување од Европската унија.

Тереза Меј денеска изјави дека „Брегзит значи Брегзит“ и дека не може да има втор референдум.