Канада вети нова помош за Украина

Русија не е позитивен партнер во однос на своите обврски во напорите на меѓународната заедница за ставање крај на конфликтот во источна Украина, рече канадскиот премиер Џастин Трудо денеска во Киев. Тој вели дека е очигледно оти Украина направила екстремно важни и тешки чекори за да ги исполнат одговорностите од Договорот од Минск. Трудо кој е во дводневна официјална посета на Киев најави нова помош за Украина во вредност од 13 милиони долари. Тој најави и дека ќе биде зголемен бројот на канадски набљудувачи во Мисијата на ОБСЕ во источна Украина. За време на посетата беа потпишани и трговски договори.