Северна Кореја го прекинува каналот за комуникација со САД

Северна Кореја соопшти дека ќе затвори еден од последните канали за комуникација со САД како одговор на воведените санкции кон лидерот Ким Јон Ун. Државната новинска агенција јави дека властите во Северна Кореја им пренеле на САД дека ќе го прекинат контактот преку каналот на ОН во Њујорк преку кој комуницирале дипломатите. Пјонгјанг соопшти дека отсега за сите отворени прашања ќе се постапува како во време на војна, а тоа ќе се однесува и на Американците уапсени во Северна Кореја. Претходно САД го стави севернокорејскиот лидер и уште 10 други политичари од земјата на црната листа поради кршење на човекови права.