Секретарот за одбрана на САД во посета на Багдад

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер денеска пристигна во Багдад на разговори со ирачките власти за борбата против организацијата Исламска држава и плановите да се поврати контролата на Мосул кој сега е во рацете на екстремистичката група. Посетата на Картер доаѓа на два дена откако ирачките сили со помош на коалицијата предводена од САД ја повратија контролата на воздушната база Кајара која се наоѓа на 60 километри јужно од Мосул. Картер вели дека заземањето на базата е клучна стратешка победа, а базата ќе им послужи за операциите за повторно заземање на Мосул. Ирачките сили повратија дел од регионите контролирани од ИД, но сепак организацијата се уште држи во свои раце голем дел од Ирак и врши бомбашки напади.