Средба Тачи- Нуланд: да се направи се за прекин на кризата

Треба да се направи се за да се прекине политичката криза и да се постигне договор за одржување избори, ја пренесе лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како што рече, пораката на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд која е денеска во Скопје. Тачи вели дека на средбата повеќе се разговарало за стратешките определби за излез на земјата од кризата отколку за конкретни насоки. Тачи посочи дека очекува политичките лидери денеска да добијат многу поостри пораки за решавање на кризата.

Нуланд во Американската амбасада се сретна и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но Ахмети не дадеизјава. Предвидено е денеска Нуланд во партиските седишта да се сретне и со претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Претходно, Викторија Нуланд во Амбасадата на Скопје имала средби и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со преставници на граѓански организации.

По серијата средби во Скопје, Нуланд треба да одржи прес-конференција во Американската амбасада на која се очекува информира за разговорите со партиските лидери и за нејзините очекувања за надминување на политичката криза во Македонија.