Викторија Нуланд денеска во Скопје

Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања Викторија Нуланд денеска во Скопје, како што е најавено, треба да се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза. Партиските преговорите остануваат заглавени кај Избирачкиот список и медиумите, а Уставниот суд уште не се изјаснил за СЈО. Нуланд во Скопје престојуваше лани на 13 јули, два дена пред потпишувањето на Договорот од Пржино. Таа во рамките на сегашната турнеја по Балканот ги има посетите и на Албанија, Косово и Србија.