Португалија го освои Европското фудбалско првенство

Фудбалската репрезентација на Португалија синоќа го освои Европското првентво откако на стадионот во Сен Дени, во продолжението на натпреварот го победи домаќинот на првенството Франција со 1 спрема 0. Португалија поголемиот дел од мечот го одигра без капитенот Кристијано Роналдо кој поради повреда мораше да излезе во 25 минута. Победничкиот гол го постигна Едер во 109 минута со што на Португалија му ја донесе првата титутла првак на Европа.