Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35 степени.