Илјадници Иранци на погребната церемонија на Киаростами

Илјадници Иранци меѓу кои актери, интелектуалци и други присуствуваа на погребната церемонија во Техеран на најпознатиот ирански режисер Абас Киаростами. Тој почина мината недела на 76 годишна возраст.

Киаростами кој е добитник на Златната палма на Канскиот филмски фестивал во 1997 година почина во Париз каде што беше на медицински третман. И покрај тоа што беше светски познат Киаростами немаше поддршка во Иран каде што неговите филмови ретко беа пуштани.

Неговата смрт предизвика жалење низ целиот свет вклучително и кај легендарниот холивудски режисер Мартин Скорсезе кој го пофали неговиот како што рече исклучителен опус.