Ирански пратеник преживеа обид за атентат

Иранскиот пратеник Хешматола Фалахпише прежиевал обид за атентат во провинцијата Керманшах на западот на земјата, јавуваат иранските новински агенции.

Возачот на автомобилот загинал откако бил отворен оган кон возилото, се наведува во извештаите. Други негови колеги пратеници тврдат дека напаѓачите припаѓале на Партијата за слободен Курдистан, иранско-курдска група со блиски релации со Курдската работничка партија.

Минатите недели иранските сили се судрија со курдските бунтовници на северозападот на земјата.