САД побараа од Западен Балкан да ја засили демократија

Соединетите Американски Држави побараа од земјите од Западен Балкан да ги интензивираат напорите за консолидирање на нивните демократии.

Американскиот државен помошник секретар Викторија Нуланд денеска ја почна регионалната турнеја во Косово. Според соопштението од канцеларијата на косовскиот претседател Хашим Тачи, Нуланд побарала од лидерите зацврстување на владеење на правото, судскиот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Таа исто така побарала од Приштина да го продолжи дијалогот со Белград и да ја одобри демаркацијата на границата со Црна Гора. Нуланд од Косово продолжува со својата турнеја во чии рамки ќе ги посети Албанија, Македонија и Србија.