Засилени безбедносни мерки за финалето на ЕП во фудбал

Илјадници француски полицајци се распоредени на клучни точки во Париз и околу него во пресрет на финалниот натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Франција и Португалија што ќе се одржи вечерва.

Повеќе од 5000 полицајци ќе патролираат во фан зоните кои имаат капацитет за 90 000 луѓе и кои се наоѓаат во близина на Ајфеловата кула, Елисејските полиња и стадионот на кој се одржува финалето. Во нивна близина минатата година се разнесоа бомбаши самоубијци. Француската војска и полиција патролираат низ Париз од ноември лани кога во нападите загинаа 130 луѓе.

Повеќе од еден милион луѓе на истото место ја прославуваа победата на Франција на Светското фудбалско првенство што се одржа во 1998 година.