Египетскиот шеф на дипломатијата во посета на Израел

Египетскиот министер за надворешни работи утре ќе го посети Израел во обид да го оживее израелско-палестинскиот мировен процес. Посетата на министерот Самех Шукри на Израел е прва на египетски шеф на дипломатијата по девет години. Тој ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Патувањето доаѓа и во пресрет на обидите поддржани од Франција за враќање на Палестинците и Израелците на преговарачка маса. Шукри имаше слични состаноци и со претставници на Палестинците во Рамала на 29 јуни.

Египет смета дека мировниот процес треба да вклучува и создавање на независна палестинска држава во границите од 1967 година со источен Ерусалим како главен град. Израелците пак велат дека само директни разговори со Палестинците може да го решат децении долгиот конфликт.