ВМРО-ДПМНЕ- Финансиско злосторство врз граѓаните прави Заев

Министерството за финансии попладнево преку соопштение реагираше на денешните прес конференцијата на СДСМ за издавањето на еврообврзницата на која тие оценија декаќе се надмине износот од пет милијарди евра или 54 проценти од БДП.

Во реакцијата се посочува дека еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг во кој се наведува дека државни хартии од вредност во име на државата издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада.

“Еврообврзницата се издава во согласност со Законот за јавен долг, член 18 став 5 кој гласи: „Државни хартии од вредност во име на РМ на меѓународен пазар ги издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада на РМ со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку Државната комисија за хартии од вредност” се наведува во реакцијата од Министерството за финансии.

Регираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму тврдат дека финансиско злосторство врз граѓаните било како што наведуваат ограбувањето на милиони евра од аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот злосторнички клан.

“Срамната задача да го оттргне вниманието од криминалот на Заев, овој пат му припадна на Кире Наумов, кој на сите стручни интервјуа е прогласуван за целосно некомпетентен и човек кој не разбира ниту „П“ од правото” се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во него тврдат и дека СДСМ а преку своето деструктивно однесување се обидувале да спречат Република Македонија да дојде до финансиски средства надевајќи се дека ќе ги блокираат исплатите на плати, пензии, социјална помош или инвестирањето во нови училишта, градинки, болници и инфраструктура.