Протерани американски дипломати од Русија

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека протерале двајца американски дипломати од Москва минатиот месец како одговор, на како што рекоа, сличниот непријателски потег од Вашигтон. Ова се случува во период на зголемени дипломатски несогласувања меѓу двете земји.Соопштението следува ден откако Соединетите Американски Држави соопштија дека протерале двајца руски претставници поради насилната препирка минатиот месец меѓу американски дипломат и руското обезбедување пред американската амбасада во Москва.
Портпаролот на Стејт департментот ЏонКирби рече дека Русите биле протерани на17 јуни. Тие биле поврзани со инцидентот што се случи претходно месецот во рускиот главен град рече тој не давајќи други детали.
Се уште не е јасно кои се Русите и дали биле акредитирани дипломати.