Поморска вежба на НАТО во Црното Море

Во бугарските територијални води на Црното Море денеска започна воената вежба „Бриз 2016“, во која учествуваат војници од пет земји членки на НАТО.Како што јави БТА, во веоните маневри, што ќе траат до 17 јули, се вклучени 25 бродови и над 1.700 припадници на воените морнарици на Бугарија, Грција, Романија, САД и Турција, како бродови-миноловци од Втората постојана група на НАТО.

Основна цел на вежбите „Бриз 2016“ е подобрување на оперативноста и соработката меѓу воените морнарици на земјите учеснички во операции при кризни ситуации.