Во воздушни напади во Сирија загинале 15 цивили

Најмалку 15 цивили загинале денеска во воздушни напади од страна на неидентификувани авиони врз град во северна Сирија, кој е во рацета на Ал Нусра, огранок на Ал Каеда, соопшти сириската опсерваторија за човекови права. Од таму соопштуваат дека во нападите се повредени и 40 луѓе, а меѓу убиените има едно дете и шест жени, соопштува сириската опсерваторија.

На 6 јули сириската влада прогласи 72 часовен прекин на огнот за празникот Рамазан Бајрам, но не е јасно дали прекинот на огнот ги вклучува и областите кои се под контрола на Ал Нусра.