Јолевски на Самитот на НАТО во Варшава

Министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваше на состанокот на министри за одбрана на НАТО самитот во Велс. 04. 09. 2014.

На самитот на НАТО во Варшава ќе присуствува и министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој ќе има обраќање на Состанокот на министри за одбрана за платформата за интероперабилност, а се очекува да оствари и повеќе билатерални средби. На 1 јули Кабинетот на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов информираше дека тој нема да учествува на Самитот на НАТО во Варшава, поради игнорирање на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти и безбедносните предизвици во регионот. Се додека не се земат предвид овие факти, посочија од Кабинетот, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Македонија ќе биде претставувана на ниво на министри за одбрана и за надворешни работи, пракса воспоставена од самитот во Кардиф во 2014 година.