Милитанти на ИД нападнале шиитски храм во Ирак

Милитанти на Исламската држава истрелале гранати во преполн со луѓе шиитски храм северно од Багдад. Тоа, како што јавуваат новинските агенции, предизвикало конфузија која ја искористиле тројца бомбаши самоубијци во воени униформи да се инфилтрираат во храмот по што ги активирале експлозивите. Најмалку 35 луѓе загинале, а над 40 биле ранети. До овој напад дојде по само неколку денови од оној во Багдад кога самобиец активирал возило полно со експлозив при што загинаа над 290 луѓе.