Столтенберг - Светот е поопасно место, но НАТО реагира

Светот е поопасно место од пред само неколку години, но НАТО реагира брзо и со решителност, рече денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој денеска во Варшава одржа заедничка прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда пред почетокот на дводневниот самит на Алијансата кој почнува утре. Главна тема на дискусија на самитот ќе бидат акциите на Москва во Источна Европа. Столтенберг најави дека на Самитот ќе се преземат големи чекори за модернизација на колективната безбедност која ќе одвраќа закани и ќе проектира стабилност надвор од гранците на НАТО. Амбасадор на Русија во НАТО, Александар Грушко, ја обвини Алијансата дека Самитот има „конфронтирачка агенда“ и предупреди дека Русија ќе преземе контрамерки.