Путин го потпиша контроверзниот закон против тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин стави потпис на контроверзниот закон против тероризам, со што законот стапува на сила. Критичарите го осудија законот како неуставен. Пакетот на закони и измени и дополнувања на Законот вклучува и одредби за заострување на казните за екстремизам и тероризмот. Со законот исто така се зголемуваат овластувањата на владата за надзор, односно комуникациските провајдери ќе мора да дадат информации за повици, пораки, фотографии и видеа на корисникот во последните шест месеци. Опозициски пратеници и либерални активисти велат дека со законот се нарушува правото на приватност и на граѓански слободи.