Белорусија прислушувала кого сака

Амнести интернешенел ги обвини властите на Белорусија дека ги злоупотребувале телекомуникациски мрежи на некои од најголемите светски телекомуникациски компании за да ја задушат слободата на говорот и критиките. Во извештајот објавен денеска, се наведува дека властите имале неконтролиран надзор што пак се одразило на работата на активистите и новинарите. Амнести ги повикува властите да создадат рамнотежа во практиката за надзор во согласност со меѓународните стандарди за човекови права. Во извештајот се наведува дека компаниите, меѓу кои и оние од групацијата Телеком Аустриа и Туркчел, дозволиле да дојде до ова со тоа што и овозможиле на владата речиси неограничен пристап до комуникациите и податоците на своите клиенти. Тоа го правеле без налог, туку само барале од компаниите да им дадат пристап. Извештајот е базиран на интервјуа со повеќе од 50 активисти за човекови права, новинари, адвокати, опозиционери, експерти за технологија и други, и во Белорусија и надвор од земјата.