Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија претпладне на места ќе има зголемена облачност, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој уште од изутрина ќе започне во северните делови, а преку денот особено ќе се чувствува долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Уште од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.