Ново задолжување на Владата повеќе од планираното

СДСМ денеска обвини дека Министерството за финансии реализирало ново задолжување во висина од 12,6 милиони евра, што е за 2,3 пати поголемо од првично планираното од 5,4 милиони евра, стои во писменото соопштение на СДСМ.

„Денешното ново задолжување има за цел да го надополни раздолжувањето утре, но и да натовари дополнителни 7,2 милиони евра нов долг, се вели во соопштението.

СДСМ и понатаму ги предупреда домашните кредитори, банките, пензиските друштва и осигурителните компании да внимаваат при купувањето на домашни хартии од вредност бидејќи според последниот Закон за влада се уште е под знак прашалник законитоста на ваквите задолжувања, наведува СДСМ.