Над осум илјади американски војници остануваат во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама рече дека 8.400 американски војници ќе останат во Авганистан и наредната година и по завршувањето на мандатот на неговата администрација, со што ќе се забави планираното повлекување на американските сили од земјата.

Обама планираше да се намали бројот на војници, од сегашните 9.800 на 5.500, до крајот на 2016 година. Обама, денеска рече дека безбедносната ситуација во Авганистан останува „несигурна“ и дека талибанците остануваат „закана“. Тој исто така рече дека авганистанските сили за безбедност се уште не се толку силни. Американскиот претседател вели дека улогата на американски сили во Авганистан ќе останат непроменети, тие ќе обучуваат и ќе советуваат припадници на авганистанската полиција и армија и ќе даваат поддршка на борбата против тероризмот. Според Обама единствениот начин да се стави крај на конфликтот е траен политички договор меѓу владата во Кабул и талибанците.