Балкан Петролеум поднесе документи за преземање на Мекпетрол

Компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ соопшти дека во понеделникот официјално до Комисијата за хартии од вредност го поднела барањето за издавање на дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“.

Во поднесената документација, како што информира компанијата, се наоѓа и понудата и проспектот за преземање, како и сите останати документи кои служат за верификација на податоците во процесот.

Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата.

„Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ на 9 јуни објави намера за преземање на „Макпетрол“ со што ја започна процедурата за преземање на компанијата.