Руски фудбалери казнети за забава по Европското првенство

Павел Мамаев

Двајца руски фудбалери се казнети од нивните клубови за луда забава откако руската репрезентација не успеа да се пласира во натамошните натпревари на Европското првенство во Франција. На видеото постирано на интернет се гледа како фудбалерите Александар Кокорин и Павел Мамаев во еден ноќен клуб во Монако се забавуваат додека се слуша руската национална химна. Според некои наводи, забавата чинела над 250 илјади евра. Кокорин го демантира тоа наведувајќи дека со тие пари би можело да се купи и целиот клуб.