Се урна турски воен хеликоптер

Турски воен хеликоптер се урна денеска во црноморскиот округ Гиресун. Според турските медиуми, во хеликоптерот се наоѓале 11 војници и нивните сопруги. Засега не се познати причините за несреќата. Кон местото на несреќата веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи.