Опозициската СДСМ тврди дека со ребалансот на Буџетот за 10 отсто се намалени планираните капитални инвестиции, со што, како што велат, се крати на основните потреби на граѓаните, а продолжуваат непродуктивните трошења. На прес конференција пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев рече дека се кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции.