Путин формира Национална града

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за формирање Национална гарда. Новите сили ќе имаат задача да се борат против тероризмот, во одбраната на руската територија и во заштита на државниот имот. Критичарите велат дека Националната гарда била креирана за да се справува со несогласувањата во момент кога Русија ја очекуваат парламентарни и претседателски избори. Според законот, Националната гарда има право да задушува протести и да употребува сила во случај на напад врз државни имоти.