Најмалку 43 загинати во поплавите во Пакистан

Властите во Пакистан велат дека најмалку 43 луѓе загинале во поплавите во северниот дел на земјата, во близина на границата со Авганистан. Портпаролот на телото за управување со катастрофи на провинцијата Кибер Паштунхва, Латифур Рехман рече дека 41 лице загинало во селото Арсун и оти жителите не добиле предупредување за евакуација, пред да надојдат водите во населбата. Поплавите во текот на ноќта беа предизвикани од силните монсунски дождови кои почнаа во текот на вчерашниот ден.