Десетици загинати во две експлозии во Багдад

Две експлозии од автомобили го погодија ирачкиот главен град Багдад, при што најмалку 60 луѓе се загинати и десетици се повредени, потврдуваат полициски и претставници од болниците барајќи да останат анонимни.

Властите велат дека групата на Исламската држава ја презела одговорноста за денешниот напад.

Првично во извештаите се велеше дека првата експлозија се случила во областа Карада и дека имало шест жртви и 20 повредени, додека други велат дека 20 се убиени и околу 50 загинати.

Групата на ИД во онлајн изјава ја презема одговорноста за нападот.

Втората експлозија ја погодила областа ал – Шааб, а бројот на жртвите не е одреден. Експозиите доаѓаат додека Ирачаните се подготвуваат за празникот кој го одбележува крајот на светиот месец Рамазан.

Нападот доаѓа откако ирачките сили од ИД ја преземаа контролата на градот Фалуџа.