Времето денеска: претпладне сочево, попладне пороен дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Позастапени процесите ќе бидат во крајните источни делови. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 34 степени.