Двајца од напаѓачите во Истанбул имале руски пасош

Турција им оддава почит на загинатите во нападите на аеродромот Ататурк.

Двајца од напаѓачите во Истанбул имале руски пасош, велат киригистанските власти како одговор на шпекупациите дека еден од напаѓачите е од Киргистан. Во соопштението на киргистанското Министерството за надворешни работи се вели дека турските власти ги идентификувале напаѓачите како Раким Булгаров и Вадим Османов. Не е позната националноста на третиот напаѓач. Турските медиуми вчера цитираа неименуван владин претставник како вели дека напаѓачите биле од Киргистан, Узбекистан и Русија.

Од службата за безбедност на Узбекистан засега нема коментари, а рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, изјави дека тој немал информации дека се вмешани руски државјани.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но Анкара ја обвини милитантната група Исламска држава.