Студентскиот пленум најави протест, СДСМ го поддржува

Студентскиот пленум бара одговорност од МВР за вчерашното однесување на полицајците за време на блокадите и најави протест за вечерва пред зградата на Студентскиот парламент. Пленумци бараат да се поништат изборите за претседател на СПУКМ. Опозициската СДСМ ќе го поддржи протестот на студентите. СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Митко Чавков, за, како што велат, злоупотребата на полицијата.