Времето денеска: сончево со нестабилна облачност

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.