Сè е во ред во воената база Ендрјус во САД

Американската воена база Ендрјус во близина на Вашингтон беше накратко затворена поради пукање, но претставници на базата подоцна соопштија дека сè е во ред. Воената база Ендрјус е база на авионот на американскиот претседател. „Одговорните што дојдоа на лице место утврдија дека нема опасност за базата и за вработените“, напиша претставник на воената база на Фејсбук, кој додаде дека за денеска била предвидена вежба во случај во базата да има пукање. Вашингтон пост, повикувајќи се на сопствен извор, објави дека очевидец видел учесник во вежбата со пиштол и повикал полиција зашто мислел дека се работи за вистински инцидент.