Иран разреши директори на банки поради вртоглави плати

Иран разреши директори на четири банки откако се дознало дека тие си доделуваат многу големи плати и надоместоци, што предизвика лавина негативни реакции во земјата и повици до врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи и до претседателот Хасан Рохани да реагираат. Отакако претседателот побарал случаите да се истражат, министерот за економија ги разрешил од функциите директорите на Мехр Иран, Мелет, Рафа и Садерат Банка.