Путин - ефектите од Брегзит ќе потраат

Трауматските ефекти од излегувањето на Британија од ЕУ долго ќе потраат, изјавил рускиот претседател Владимир Путин обраќајќи се пред руски дипломати. „ Брегзит претставува избор на британските граѓани, не сме се мешале и нема да се мешаме во тоа“, изјавил Путин. Тој рекол дека внимателно ќе ги следи преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија и како тоа ќе влијае врз Русија.