Воената база Ендрјус во САД затворена поради пукање

Илустрација.

Американската воена база Ендрјус во близина на Вашингтон е затворена поради пукање кое е во тек, информираат претставници на базата на Твитер. Во информацијата објавената денеска на оваа социјална мрежа, се повикуваат сите луѓе во оваа база во Мериленд да се скријат и оти повеќе информации ќе објават подоцна. Воената база Ендрјус е база на авионот на американскиот претседател. „Во медицинската установа Малколм Гроу се случува инцидент. Одговорните веќе се на местото на настанот“, напишаа претставници на базата на Твитер.