Босна изгубила петтина од своето население

Босна и Херцеговина изгубила речиси петтина од своето население во последните 25 години, покажуваат резултатите од првиот попис спроведен по граѓанската војна во земјата. Пописот се спроведе во 2013, но официјалните податоци беа објавени денеска. Според пописот во БиХ сега живеат 3,5 милиони луѓе, а во 1991-та живееле 4,4 милиони. Податоците се објавени еден ден по истекот на рокот, затоа што босанските Срби не се согласуваат со методологијата препорачана од ЕУ за пребројување на гласовите.