Истанбулските напаѓачи од Киргистан, Русија и Узбекистан

Напаѓачите на аеродоромот во Истанбул биле од Русија, Узбекистан и Киргистан соопштија денеска турските и западните медиуми, цитирајќи неименуван турски политичар. Претходно турските сили уапсија 13 луѓе, од кои тројца странски државјани за вмешаност во бомбашките напади во кои загинаа 42 луѓе, а повеќе од 230 се повредени. Киргистанските безбедносни сили одбиваат коментар, а од Узбекистанските власти засега не може да се добие одговор.